„Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки. Во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта, а Русковска и Јовевски наместо да ги бараат организаторите чистат смет по паркови.
Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.
Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.
Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.