Граѓаните секојдневно по социјалните мрежи се жалат како лекарите медикаментите што им ги препишуваат по аптеките ги нема воопшто. Пример затоа е доколку имате проблем со очи, односно херпес на око и одиш на специјалист тој ти препишува „Ацикловир-маст“ или ти го препорачува како лек кој ќе ти помогне.

Пациентите со рецепта ќе отидат до некоја од нашите аптеки и кога ќе го побараат си излегуваат разочарани, бидејќи како одговор од вработените добиваат дека истиот лек не се произведува веќе долго време и не може да се најде на цела територија на државата.

Но доколку отидете најблиску до соседна Србија ќе го најдете за секунда во некоја од нивните аптеки истиот лек кој се произведува во нашата земја.

Оттука се поставува прашањето кој е проблемот и зошто  се повеќе медикаменти нема по аптеките и не се запознаени со тоа и јавноста и медицинскиот персонал.