Нема жена која не посакува долги и густи трепки, но маклумина знаат дека тајната не е во шминката, туку во секојдневната нега.
Всушност, постои рецепт за домашна маска кој лесно можете да го направите дома. На овој начин, со редовна употреба, нема да има потреба да размислувате за вештачки трепки.
Направете мешавина од еднакви количини (една полна лажица) кокосово масло, рицинусово масло, вазелин и во неа измешајте ја течноста од една капсула витамин Е. Нанесувајте со чиста четкичка од маскара.
Оваа маска можете да ја направите и за веѓите и косата, само што ќе треба да ја зголемите количината.
Состојките создаваат филм-облога околу секое влакненце од трепките, па така и ги штитат и хидрираат, но и стимулираат раст на нови, па се добива по некое време и посакуваната густина.
Пред да нанесувате шминка отстранете ги остатоците од маската со помош на отстранувач за шминка и парче памук, бидејќи маслата може да ја растопи шминката и да предизвика растекување и непостојаност.