Научници од Универзитетот во Сан Франциско објавија студија во која е утврдено дека осаменоста има голема улога во ослабнувањето на когнитивните функции поврзани со стареењето.

Во студијата, во која биле вклучени 1 600 возрасни со просечна старост до 71 година, се покажало дека осаменоста конзинстентно придонесува за поголем степен на смртност, и покрај доброто здравје и социјален и економски статус.

23 отсто од осамените учесници на студијата починале во текот на шест години додека траела студијата, во однос на 14 отсто од починатите кои изјавиле дека се дружат често.

„Во текот на целиот живот ни се потребни луѓе кои ни значат, кои нè познаваат и ценат, кои знаат да нè развеселат и тоа никогаш не поминува“, рекла Барбара Московиц, социјален работник од Општата болница од Масачусетс, за „Њујорк тајмс“.

Таквите односи на постарите луѓе им значат многу повеќе отколку на нивните деца или внуци. Постарите луѓе се потолерантни кон мааните на нивните пријатели отколку младите луѓе. Кога сме постари, во меѓучовечките односи внесуваме повеќе искуства, што нè прави потолерантни. Знаеме за што вреди да се бориме, а околу што не треба да се расправаме.