Белиот блескав сјај и здравјето на забите не зависи само од директната нега и грижа за нив, туку и од исхраната.

Можете да одите колку пати сакате на избелување на забите, но ако сте љубител на одредени производи кои го спречуваат тоа, процесот на менување боја постојано ќе се повторува.

Затоа треба да обрнете внимание која храна треба да ја внесувате бидејќи е добра за денталното здравје, а која треба да ја избегнувате за да не си правите непотребни проблеми.

Во продолжение, погледнете ја селекцијата на храна која треба да ја внесувате или избегнувате заради здравјето на забите, дознајте која храна избелува и која храна предизвикува непријатен мирис:

Производи кои ги заштитуваат забите и непцата

Покрај вообичаената грижа за забите, докторите препорачуваат да ги вметнете и следниве производи во исхраната:

Морков – корисен за слузницата на устата и непцата, зајакнува забна глеѓ

Риба – фосфорот е еден од важните елементи за одржување на оралното здравје

Зелен зеленчук – главен извор на калциум

Јаболка – одлична превентива за дентални проблеми, ги масира непцата, отстранува глеѓ и освежува здив

Киви – голема количина на витамин Ц без која телото не може да лачи колаген и непцата крварат

Сирење – тврдите сирења имаат ниско ниво на сол, а се богати со калциум и фосфор, ја одржуваат потребната pH вредност во устата и спречува бактерии

Зелен чај – состојките кои ги содржи ги убиваат бактериите кои создаваат кариес

Дали бојата на забите зависи од храната?

Ако не ви се допаѓа бојата на забите, со цел да постигнете ефект на избелување, избегнувајте одредени производи со силна боја.

Намирници кои ги бојат забите

Црвено вино – по консумирањето исплакнете ја устата со чиста вода, но не ги четкајте забите веднаш бидејќи може да направите поголем проблем

Сокови – светлото овошје и зеленчук имаат силен ефект заради киселините кои ги ослабуваат забите и прават полесно да се смени бојата

Цвекло и боровинки – претераното консумирање ги прави забите жолти

Зачини – посебно куркумата и карито имаат големо влијание врз менувањето на бојата на забите, па по консумирање јадење со зачини, напијте се зелен чај со лимон за неутрализација

Соја сос и балзамико – често оставаат темни дамки на забите

Природни намирници за осветлување на забите

Намирници кои ќе ви помогнат да ја осветлите бојата на забите се следниве:

Круша – отстранува глеѓ и добро влијае на непцата

Тиква – природен избелувач, може да ја консумирате на различни начини

Јагоди – и покрај светлата боја, сепак јагодата одлично влијае на белење на забите

Брокула – отстранува темни дамки и глеѓ од забите, подобро е да се консумира сирова или полуварена.