Граѓаните од Ѓорче Петров повторно реагираат за загадувањето во нивната општина.
-Денеска 15:45, Пречистителна станица во Ново Село, Ѓорче Петров. Што ли се согорува внатре?, прашуваат жителите на Даме Груев кои до КУРИР ги испратија овие фотографии.
Велат дека се одвива процес на интензивно горење, а миризбата се чувствува до Карпош, преку Лепенец и Вардар.
Инаку, граѓаните пред неколку дена излегоа и на протест.
Медицински отпад, градежен шут, пластика и мртви животни се фрлаат на само 150 метри од првите куќи во скопско Ново Село и десет метри од реката Лепенец која 30 проценти од скопскиот регион го снабдува со вода за пиење.
Граѓаните револтирани од институциите кои само си ја префрлаат топката, а нивниот проблем никој не сака да го реши, излегоа на протест со транспаренти во рацете порачувајќи и на власта дека Ново село во последните две години е претворено во Скопски Чернобил.
Вечерва, и граѓани од општина Аеродром, општина Центар и од други општини, се жалеа на Фејсбук групата „Против загадување и труење на народот“.