Тоа е така, бидејќи во пубертетот производството на себум во порите и себацеалните жлезди е индуцирано од андрогените хормони. Дополнително, во себацеалните изводни канали има зголемена количина на мртви епидермални клетки. Но, не се засегнати само тинејџерите: за 20% од тие, коишто страдаат од акни за време на пубертетот, проблемот продолжува и подоцна и има големо влијание на начинот на живеење и во текот на повеќе години.
100-годишно искуство во областа на медицинската нега за кожата, за да се постигне контрола врз кожата, склона кон акни.
Кожата склона кон акни не е само естетски проблем. Луѓето со овој проблем треба да се справат и со воспаленијата, коишто можат да бидат болни и да имаат психолошки ефект на нивниот живот.