Да бидеш во исто време Претседател на Лекарска Комора и Директор на Клиника за Гастроентерохепатологија, значи да имаш судири на интереси во обавување на функциите.
Тоа недвосмислено пред еден месец и е соопштено преку одлука на ДКСК на Др Калина Старделова дека потребно е да се откаже од едната функција. Сепак таа продолжува да ги обавува двете функции за кои е јасно дека има судир на интерес, бидејќе неможе во исто време да ги застапува лекарите и да му се додворува на Зоран Заев.
Претседателката на ЛКМ нема морална доблест, ниту мандат да свикува собрание на ЛКМ и да го менува статутот на организацијата во исто време кога има јасна објава дека има судир на интереси. Потребно е да се покаже минимална совест и доблест и да се отстапи од едната функција.
Лекарите заслужуваат вистински претставници и борци за правата во ЛКМ, а не луѓе кои се назначени на функции од министер за здравство и претседател на влада.
Покажете доблест! Покажете морал! Откажете се од една од функциите!!