Сите ги сакаат бананите – вкусни се, хранливи и полни со калиум.
Дали некогаш сте се запрашале во кој стадиум на зрелоста тие се најдобри за дигестивниот тракт и здравјето генерално.
Еве ги резултатите на здравственото истражување спроведено во Јапонија.
Потполно зрела банана ја произведува супстанцијата ТНФ (Tumor Necrosis Factor) или Фактор на некроза на туморот, која има способност да се бори против клетките кои се однесуваат невообичаено.
Со зреењето на бананата, се развиваат темни точки по неа. Колку повеќе точки има, дотолку повеќе има збогатени клетки кои го развиваат имунитетот.
Во тој степен на созревање, банатата е и најдобра за варењето, бидејќи шеќерот од бананата тогаш најлесно се апсорбира, за разлика од помалку зрелите стадиуми на бананата кога е потешка за да се свари, бидејќи скробот сè уште не се претворил во шеќер.
Нивото на клетките со антиканцероген ефект одговара на нивото на зрелоста на овошјето. Колку што е бананата позрела, дотолку повеќе има антиканцерогени квалитети.
Кај истражувањето, во споредба со грозјето, јаболката, лубениците, ананасот и крушите, бананите содржеле најмногу антиканцерогени материи.