Приватните специјализанти денес излегоа на протест пред Министерството за здравство. Тие побараа писмен договор и измени на Законот за здравствена заштита. Исто така побараа да бидат платени за тоа што го работат како и останатите нивни колеги.

Од ресорното министерство, пак, велат дека приватните специјализанти  ќе почнаат да добиваат плата од месец февруари.

“По средбата со приватните специјализанти, доктори на медицина, од конкурсот 2019, постигнавме договор и со кофинансираните специјализанти, со што пристапуваме кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања” – соопшти министерството за здравство.

Приватните специјализанти порачаа доколку не добијат писмена гаранција дека ќе земаат плата од фебруари, како многу нивни колеги, ќе заминат на работа во странство.