И покрај тоа што си легнувате на време и спиете доволно, постојано ви се спие. Еве од каде доага хроничниот замор.

Физичка неактивност

Повторно ве мрзи да одите на тренинг? Размислете уште еднаш затоа што мора да бидете редовно активни, а тоа не е клучно само за добриот изглед туку и за вашата здравствена состојба. Хроничниот замор, слабост во мускулите, болки во грбот, чувство на слабост и малаксаност, можат да бидат предизвикани од физичка неактивност.

Дехидратација

Недоволно внесување на количина течност во телото може да предизвика хроничен замор. Кафе, чај, пијалок со голема количина шеќер и алкохол предизвикуваат дехидратација и голем замор. За да го избегнете тоа дневно мора да внесувате седум до девет порции свеж зеленчук и овошје и да пиете по два литри вода, но во текот на целиот ден.

Нетолеранција на глутен

Многу од луѓето нетолеранцијата на глутенот ја доживуваат низ хроничен замор, а го внесуваат преку брза храна, житарици, пијалоци, тестенини, десерти и печива на база на рафинирано брашно. Таков замор може да ве следи најмалку седум денови.

Недостаток на масти

Хранливите материи кои се неопходни за извршување на дневните активности се сметаат за здрави масти, како авокадо, кокосово масло, ореви, и тие спаѓаат во незаситени масти. Доколку ги немате во организмот, нормално е дека ќе чувствувате константен замор. Заситените масти треба да ги избегнувате, а тие се наоѓаат во млечните производи, мрсната пржена храна и нездравите десерти.

Недостаток на железо

Железото се смета за една од главните причини за замор кај жените, вегетаријанците и веганите. За да го надополните недостатокот на железо, важно е да јадете растенија со темна боја.

Претерана количина на кофеин

Кафето најчесто го пиеме кога имаме низок притисок и за да се расониме. Меѓутоа, доколку претерате со овој напиток, шансите се големи дека хроничниот замор ќе се појави кај вас. Доколку сте зависник од кофеин тогаш напиете се само утринско кафе или чај.