Филипче за три години ги избрка пациентите од Болницата во Кичево и го зголеми бројот на вработени, ама не на медицински кадар

Болницата во Кичево пред клуч, Филипче ги уназади условите и ги избрка пациентите. Наместо повеќе и подобри здравствени услуги за граќаните на Кичево Од крајот на 2016 година досега има…

Болницата во Кичево пред клуч, Филипче ги уназади условите и ги избрка пациентите.

Наместо повеќе и подобри здравствени услуги за граќаните на Кичево Од крајот на 2016 година досега има само намалување на бројот на услуги. Тоа подразбира трчање во други градови и неискористеност на Општата болница во Кичево, вели нашиот извор.

-Беа воведени десеттина нови методи за дијагностика до крајот на 2016 година за сега на почетокот на 2020 година наместо да констатираме подобрување ние можеме да констатираме нивно укинување. Или во овој период од 2017 година досега останаа едвај две методи. За нешто ново не може ни да се помисли не да се зборува, вели нашиот извор кој долги години работи во Општата болница во Кичево.

За потсетување на крајот на 2016 година во Општата болница имаше 148 вработени, најголем број беа доктори.

-Ако бројот на вработени до 2017 година беше 148, сега тој е околу 200 што е за над 50 нови вработувања од кои најмал е бројот на доктори, вели нашиот извор.

За потсетување што се имаше во Општата болница Кичево до 2017, се започна со рутински операции од областа на гинекологија и акушерство и хирургија, што е за прв пат во историјата на здравството во Кичево; се набави мамограф, апарат за ехо на дојка, апарат за гастроскопија или преглед на хранопровод, желудник и дванаесетпалачно црево, целосно беше обновена апаратурата во биохемиска лабараторија. Освен ова беше дигитализирана работата како на здравствените лица, така и на администрација.

-Ова сега е само сон, вели нашиот извор.

Сепак наведува нашиот извор, она што е клучно е што сето она што прави или не се прави води кон тоа од ден на ден опаѓа бројот на пациенти што се лекуваат во Кичевп да се намалува.

-Се повеќе се чуствува недостаток на лекови и материјали за работа што е последица од ненаменско трошење на парите од буџетот на болницата, за прием на партиски, несоодветни, нестручни и пред се немедицински кадар, заклучува нашиот извор.


Related Articles