Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести. Петгодишно девојче пак во вторникот вечерта почина од грип. И шестмесечното бебе и шетгодишното девојче првично се лекувани на Клиниката за детски болести Козле. Но, директорот Ангелчо Андоновски не дава никакви одговори. Две деца кои се лечат во Козле за една недела се префлуваат на Клинички каде починуваат.  

За шестмесечното бебе соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тој информираше дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано.

-Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на  вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.

Филипче информираше дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. Појасни дека тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба.

Во вторникот вечерта пак од грип почина петгодишно девојче. Девојчето починало на Клиниката за детски болести каде било донесено по тридневно лекување на Институтот за белодробни заболувања во Козле, како последица на влошување на состојбата при инфицираност од пандемски грип Х3Н1, соопштија од Клиниката.

-На Клиниката е примено девојче на возраст од пет години од Скопје, кое претходните три дена се лекувало од вирусна пневмонија во Институтот за белодробни заболувања Козле. Поради влошување на состојбата со појава на невролошки симптоми детето е префрлено на Клиника и првично примено на одделот за неврологија. Веднаш е свикан конзилиум, земени се лабораториски иследувања и поради тешката состојба со засегнување на мозокот и црниот дроб, префрлено е на одделот за интензивна нега и терапија. Лабораториски се потврди пандемски грип – H3N1 Influenca A, стоеше во соопштението.

На детето му била дадена терапија со тамифлу, антибиотска терапија, кислородна поддршка, хепатопротективна терапија, антиконвулзивна терапија, интравенски имуноглобулини, плазма и друга специфична терапија. Поради влошување на респираторните симптоми, се посочува, детето е интубирано, но и покрај сите преземени мерки починало во 23.30 часот после 13 часа престој на Клиниката.