Дали сте знаеле дека постои врска помеѓу формата на овошјето и зеленчукот и органите што ги лекуваат? Различни намирници штитат различни органи во телото. Одредени намирници ги штитат токму оние органи што ги лекуваат, а денес малку се знае за тоа. Ако размислите малку, ќе забележите дека природата навистина се потрудила кога се сличностите во прашање.
Морков – очи
Напречниот пресек на морковот личи на човечко око. Морковите се полни со витамини и антиоксидански, како и бета каротен, кој ги намалува шансите за појава на главната причина за губење на видот кај повозрасните лица. Науката докажала дека морковот го поттикнува доводот на крвта во овој орган и ја подобрува функцијата на очите.
Орев – мозок
Личи на мозок, а наборите на јадрото личат на мозочната кора. Научно докажано е дека оревот помага во развојот на функцијата на мозокот. Од научно гледиште, плодовите на оревот се богати со омега-3 масни киселини кои навистина се неопходни за здраво функционирање на мозокот. Според тоа, нема дилема во тврдењето дека оревот влијае врз најважниот орган на човечкиот организам, кој прави да бидеме тоа што сме и 24 часа дневно управува со нашето тело и ум.
Целер – коски
Долгите стебленца на целерот личат на коски, а истовремено, целерот е корисен за коските. Целерот е одличен извор на сицилиум, кој е дел од молекуларната структура што им дава сила на коските. Покрај овие сличности, постои и друга, а тоа е што коските содржат 23 отсто натриум во себе, исто како и целерот.