Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег врне во северниот,западниот и јгозападниот дел од државата.

Забрана за тешки товарни возила од 23:30 часот има на патните правци Гостивар-Кичево преку планискиот превој Стража и Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3.30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.