Вежбањето го подобрува расположението, го намалува ризикот од срцеви заболувања и помага во одржување на семената течност здрава, вели ново истражување. За ова истражување научниците разгледувале примероци на семена течност од стотици мажи кои се квалификувале како сперма-донори засновани на здравјето и квалитетот на сперматозоидите.
Сите пријавени мажи покажале здрави нивоа на количина на семена течност со нормална концентрација на сперматозоиди во неа и нивна морфологија т.е големина, форма и подвижност. Но, мажите кои што како информација дале дека се физички активни секоја недела и дека барем еднаш неделно правеле поинтензивни вежби од останатите покажале поинакви резултати.
Нивните сперматозоиди биле побрзи и се движеле подобро, наведува студијата. Двајцата професори кои што го воделе ова истражување, едниот од универзитет во Јапонија и другиот од Харвард велат дека редовното вежбање може да ги подобри параметрите за квалитетот на семената течност кај здрави, плодни мажи.
Сеуште не е докажано со која активност и времетраење на вежби се подобрува овој квалитет, но се верува дека одржувањето на телесната тежина и намалувањето на оксидативниот стрес се всуштност клучните елементи кои помагаат во подобрување на плодноста.