Начинот на подготвување кисела зелка потекнува од Словенија, а се користи и ден денес. Нејзината лековитост ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама од неа содржи дури 20мг витамин ц, потоа витамин А, фолна киселина, магнезиум, железо…
Се смета дека киселата зелка е добра при настинка и за зајакнување на цревната флора. Исто така лекува астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.
Се смета дека луѓето кои консумираат кисела зелка се посилни и поотпорни на болести. Поради тоа, особено им се препорачува на старите личности, луѓе со ослабнат имунитет и деца.
Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.
Други придобивки се следниве:
- Помага за зајакнување на коските.
Ја регулира и намалува количината на масни материи и холестерол во крвта.
Го прави организмот отпорен на стрес.
Помага при подобрување на расположението.