Министерката Рашела Мизрахи оствари средба со Националниот сојуз за глуви и наглуви

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на својот фејсбук профил  напиша – Денеска остварив средба со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви…

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на својот фејсбук профил  напиша – Денеска остварив средба со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија. На средбата, која беше на иницијатива на здруженијата, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат оваа категорија на граѓани.

Од нивна страна, исто така беше изразена голема благодарност за тоа што лично ги примив да ги слушнам нивните проблеми затоа што веќе неколку години, иако поднесувале повеќе барања за средби, истите не биле остварени.

Посочив дека ова Министерство е на сите граѓани на државата. Во рамките на сите мои надлежности им беше понудена помош за сите проблеми со кои се соочува оваа група на граѓани.


Related Articles