Намалената сексуална активност на жените доведува до побрза појава на менопаузата, откриваат најновите истражувања, пишува Си-Ен-Ен.

Податоците од една студија покажуваат дека кај жените кои имаат сексуален однос еднаш неделно има 28 отсто помала веројатност побрзо да ги почувствуваат симптомите на менопаузата од оние жени кои имаат секс само еднаш месечно.

Стручњаците сметаат дека почестите сексуални односи му даваат знаци на телото дека сѐ уште постои можност да забремени.

Испитувајќи ја хипотезата дека зголемената изложеност на машките феромони ја одложува менопаузата, истражувачите откриле дека нема поврзаност меѓу животот со партнерот и подоцнежната појава на менопаузата.