Зошто се јавуваат габични инфекции на ноктите?

Главни ризик фактори за појава на габични инфекции на ноктите се промената на стилот на живот и животните навики, како што се носење на тесни обувки, изложеност на влажни и недоволно дезинфицирани површини во спортските објекти, базени, сауни, а за нивна појава исто така многу придонесува и трендот на вештачки нокти.

Инфекцијата обично почнува на отворениот дел од ноктот и неговите периферни делови,на тие делови се појавуваат бели или жолтеникави дамки кои се шират во длабочина и во ширина на ноктот. Подоцна се одвојува ноктната плоча и на крај настанува распаѓање и уништување на ноктот.

Габични инфекции на ноктите – повеќе од естетски проблем

Габичните инфекции на ноктите не се само естетски проблем кој најмногу ги мачи пациентите, им ја намалува самодовербата, предизвикува срам, промена на секојдневните навики па дури и страв од појавување во друштво поради видливи деформитети на ноктите.

Задебелувањето на ноктите и болката може индиректно да доведат до влошување на периферната циркулација, а следствено со тоа и до венски стази и дијабетско стапало.

Се зголемува и ризикот од развој на бактериски инфекции, бидејќи неизлечените габични инфекции на ноктите се постојан извор на болести. Габичната инфекција може да се прошири и на другите делови од телото и исто така да предизвика инфекција кај други лица.
Поврзани објави

Лечењето на габичните инфекции е вистински предизвик

Многу е важно да ја препознаеме и правилно да ја лечиме габичната инфекција. Ако инфекцијата ја откриеме доволно рано и ако е зафатена само мала површина од ноктот на еден или на повеќе прсти, интензивна и долготрајна терапија со локални препарати ќе биде ефикасна и истовремено ќе се намали потребата за системска терапија која ја препишува лекар и која е терапија од избор кај посериозни и раширени габични инфекции на ноктите. Пациентот треба да реагира веднаш штом примети неправилност на ноктот и да продолжи со одреден локален третман се додека здравиот дел од ноктот не го прерасне инфицираниот дел, што значи 4-6 месеци.

На пазарот постојат голем број на медицински средства за локален третман на габични инфекции кај кои механизмот на дејство е намалување на pH вредноста на ноктот, а со тоа и спречување на размножувањето и ширењето на габичната инфекција.

Како да спречите габични инфекции на ноктите?

Носете памучни чорапи и обувки кои одговараат на Вашиот број
Не користете туѓи обувки или чорапи
Избегнувајте да носите чорапи и обувки од синтетички материјал
Редовно одржувајте ја хигиената на ноктите и чувајте ги чисти и суви
На јавни места како што се базени, сауни, соблекувални, носете сандали
Носете ракавици кога чистите влажни места
Редовно мијте ги рацете (особено после контакт со инфициран нокт)
Изберете сигурен козметички салон кој го стерилизира приборот за маникир и педикир
Не користете туѓ прибор за маникир и педикир или лак за нокти
Не ставајте вештачки нокти