Отежнато дишење, пецкање и болка во грлото, натечени лимфни жлезди. Ова се само дел од раните симптоми на рак на кои мора да обратите внимание и веднаш да одите на лекар ако ги имате.
На листата е отежнато дишење, недостаток на воздух и честа болка во градите.
Тука спаѓаат и потешкотиите со голтање.
Отечените лимфни жлезди се исто така важен знак, како и претераното појавување модринки или крварење.
Постојан умор, омалаксаност и слабост на телото, како и болки во карлицата и стомакот е нешто што не треба да се занемари.