Доколку чувствувате болки во нозете во текот на ноќта кои се манифестираат со вкочанетост, напнатост или грчеви, време е да проверите дали го имате синдромот на немирни нозе.
Иако е непријатна појава, овој синдром го имаат 15 проценти од населението во светот.
Синдромот на немирни нозе е пореметување кое се карактеризира со потребата за раздвижување на нозете за да се олесни непријатноста и тапата болка.
Со раздвижувањето на нозете, тегобите исчезнуваат. Овој синдром за првпат се споменува во 17. век. Најчесто се појавува пред 40-годишна возраст, а жените страдаат од оваа болест повеќе од мажите.
Новите истражувања покажуваат дека синдромот на немирни нозе често останува недијагностициран.
Ова се некои од симптомите на синдромот на немирни нозе.
Чувствувате болка во нозете
Во нозете чувствувате напнатост, болка, вкочанетост и морници. Ова чувство може да се префрли и на вашите раце. Пациентите објаснуваат дека непријатното чувство се манифестира во коските и мускулите, но не и на кожата.
Чувствувате непријатност додека се одмарате
Болките се појавуваат додека се одмарате и тоа е причината зошто овој синдром се нарекува „немирен“. На пример, не можете да пешачите подолго време, а кога ќе седнете на компјутерот повторно чувствувате непријатна болка.
Имате потреба да се движите
Доколку го имате овој синдром, ноќите можат да бидат вистински кошмар. Иако се чувствувате уморно и сте подготвени за спиење, во моментот кога ќе легнете да спиете почнуваат непријатните болки. Затоа, имате потреба да се движите за да ги олесните болките.
Симптомите се вложуваат навечер
Во текот на денот се движите или извршувате некоја друга активност, па се чувствувате добро, но во моментот кога ќе се вратите дома и ќе се обидете да се опуштите, болките почнуваат.
Поради овој синдром имате несоница. Не можете да ја најдете идеалната позиција за спиење бидејќи чувствувате непријатни вирбирања во нозете.
Како да се справите со синдромот на немирни нозе?
Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги олесните непријатните епизоди кои се поврзани со синдромот на немирните нозе: придржувајте се до редовниот распоред на спиење, масирајте ги нозете навечер и истегнувајте ги мускулите, вежбајте секој ден, пешачете, вежбајте јога, направете купка или медитирајте.