Според информациите се работи за 10 автомобили, два пикапи, па и џипови марка Шкода. Новите возилата за сега се сокриени од јавноста во гаражите на ЗД Скопје, поликлиниката Бит Пазар. Прашање е за каква намена се овие возила ако се знае состојбата со недостаток на амбулантни возила?
Зошто овие возила се сокриени од очи на јавноста во гаражата на поликлиника Бит Пазар? Директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исијановски за еден медиум вели дека тоа биле возила за домашна посета, за аптека, а дека наскоро министерот Филипче ќе ги промовирал. Но, оние запознаените со состојбите, кои што и не се тајна за јавноста е дека нови возила за домашна посета се купени пред четири години.
Наместо вакви, потребни се амбулантни возила. Во Скопје, Итната помош на располагање има само пет функционални возила. Оттука здравствените работници прашуваат, за какви „домашни посети“се купуваат џипови? Отворено прашуваат дали џиповите не се за развозување на директорите. Здравствените власти мора да одговорат дали се точни шпекулациите за тоа од каде се набавени овие автомобили и дали се точни шпекулациите дека станува збор за потекло од истата кумановска компанија, донатор за СДСМ, од каде што Оливер Спасовски набавуваше возила марка Шкода за МВР?