Го снижува холестеролот и го детоксицира организмот
Кората од домашен непрскан лимон е извор на антиоксиданси. Изобилува со фалвоноиди кои го нормализираат нивото на холестерол. Ефикасна е и како природен чистач на организмот.
Кората од лимон прелијте ја со вода, и оставете ја да отстои неколку минути, а потоа исцедете. Во течноста додајте малку исцеден сок од лимон и испијте го тоа наутро.
Го зајакнува имунитетот
Кората од лимон содржи речиси двојно повеќе витамини од самиот плод. Токму поради тоа, кората никогаш не ја фрлајте туку замрзнете ја и употребете ја како зачин во јадења.