Колку пати неделно е потребно да ја миете косата? Се разбира, со тоа прашање се поврзуваат уште цела низа други, на кои повеќето жени немаат одговор.
„Колку често треба да ја миеме косата навистина зависи од неколку нешта – видот на косата и начинот на живот“, објаснил Адам Рид, експерт во светот на убавината.
„Сето тоа потполно зависи од вашиот тип коса. Секој е различен па барањата се различни“, се согласува и неговиот колега Џејмс Ерншав.
Поконкретен совет има Бруно Марк, директор на фирмата Марк Ентони.
„Препорачувам миење на косата два до три пати неделно. Тоа ќе ви овозможи да се ослободите од насобраните препарати за стилизирање и нега на косата, но и ќе спречи отстранување на природните масла и сушење на косата“, објаснил тој.
Исто така, овие екперти истакнуваат дека трикот во вистинско миење на косата е во самата техника. По шампониеањето е потребно долго испирање, за да бидете сигурни дека влакната се потполно чисти. Доколку не сте го отстраниле темелно производот, тоа може да предизвика лош изглед на косата исто како и брзото миење.
Експертите се согласуваат дека честото миење на косата е најчестата грешка која ја прават луѓето, а следната е стилизирање на косата со алати кои загреваат.