Некои од главните причинители за кожни болести може да бидат стресот, потиснатите емоции, загадување од околината, хормони, како и неподнесување на одредени намирници.
Во природата постои лек за секоја болест. Па така, со долгогодишно истражување и искуство, билкарите осмислиле единствени рецептури кои се покажале како ефикасни во третирањето на болести како што се егзема, акни, купероза, дерматитис, осип, кожни алергии, псоријаза и други болести кои ја погодуваат кожата, нашиот најголем орган.
ПРИРОДЕН ДЕРМАЛЕН ЕЛИКСИР ЗА СИТЕ КОЖНИ БОЛЕСТИ
ИЗМЕШАЈТЕ ЕДНАКВИ ДЕЛОВИ ОД:
-лист од орев
-кора од храст
-кора од врба
-коприва
-невен
ПОСТАПКА:
Доколку не можете сами да ги набавите потребните состојки, истите побарајте ги во Билна аптека.
Отако добро ќе ги измешате билките, целата мешавина складирајте ја лимена кутија или друг соодветен сад од кој нема да испаруваат етеричните масла.
За приготвување: Земете 3 чајни лажички од мешавината и прелијте ги со 700 мл зовриена вода. Поклопете и после 30 минути процедете. Оваа доза е за цел ден. Пијте трипати дневно, половина час пред оброк.
За подобри резултати мора да бидете упорни и редовно да го пиете чајот.
Во што се крие тајната на лековитоста на овој чај за сите кожни болести?
Најважниот акцент на оваа мешавина од состојки е нивното антивоспалително дејство и прочистувачкиот ефект кој го има врз внатрешниот органи, особено врз црниот дроб.
Фитотерпијата кај сите овие болести препорачува билки кои ја чистат крвта, бидејќи преку неа се прочистува и кожата, се забрзува оздравувањето и се намалува ризикот од повторување на болеста.
Сите билки во овој чај се популарни во фитотерапевтската примена, а нивното лековито дејство е докажано во повеќегодишната традиција. Овој чај помага во намалување на иритациите, црвенилото, воспаленијата, јадежот и болките.
ЛИСТ ОД ОРЕВ
Листот од орев има силни антивоспалителни својства и традиционално се користи кај кожни болести. Се применува во третман кај сериозни бактериски и габични инфекции, во третирање на кожни воспаленија, но и кај воспаленија на дигестивниот систем; кај акни, крвавење на непцата, лишај и претерано потење.
Се употребува и како средство за детоксикација на организмот, за јакнење на желудникот и подобрување на дигестијата, подобрување на крвната слика, против чиреви, костобол и гнојни рани. Младите оревови листови се беран рано напролет.
КОПРИВА
Копривата е богат извор на минералите калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, натриум, витамините Ц, Б2, Б5, К.
Содржи секретин кој е најдобар стимуланс на желудочните жлезди, цревата, црниот дроб, панкреасот и жолчната кеса.
Изобилува со железо кој е драгоцен за создавање на црвени крвни клетки, а со тоа и за добра снабденост со кислород. Копривата го јакне организмот и ја чисти крвта.
Содржи кверцетин, силен антиоксиданс и антихистаминик кој ги намалува силните воспаленија. Токму самата коприва е лек за кожната болест уртикарија (копривница) и за други осипи и кожни алергиски реакции. Копривата се бере рано напролет додека е млада.
КОРА ОД ХРАСТ
Храстовата кора е богат извор на танини кои делуваат силно антивоспалително на целиот организам. Имаат својство да го спречат крвавењето и да ги котрахираат ткивата оштетини од разни повреди и инфекции.
Се применува кај чиреви, вагинален секрет, егземи, проширени вени. Кората од храст се собира од мај до јуни. Најделотворна е кората од млади гранки и гранчиња.
КОРА ОД ВРБА
Врбината кора е природен извор на ацетилсалицилна киселина – аспирин. Веројатно ви е познато, дека се користи при главоболки, а во дермална примена одлична е против акни, брчки, слабеење на тонусот на кожата.
Чајот од врбина кора делива антивоспалително, содржи состојки наречени полифеноли и флавоноиди кои имаат антивоспалителни, антисептички, антиоксидативни, антипиретички и имуностимулаторни својства. Кората од врба поттикнува излачување на пот и токсини од телото со што придонесува кон побрзо оздравување. Врбината кора се собира напролет.
НЕВЕН
Невенот е блага билка со изклучително дејство врз кожата. Делува стимулирачки врз црниот дроб и жолчното кесе, ја прочистува крвта и поттикнува детоксикација.
Солната боја на цветовите упатува на тоа дека содржи поголема количина на бета каротен кој е еден од најважните витамини а здравјето на кожата, заштита од ултравиолетовото зрачење и здравјето на очите.
Бербата на невеновите цветови започнува од мај со појава на првите цветови а продолжува до доцна есен. Најквалитетни се оние набрани во август.