Претставници на германското здружение Фридер Вајнхолд денеска предадоа вредна донација за потребите на Општата Болница од Охрид.
Станува збор за болнички креветчиња, инвалидски колички, помошни колички за одење и столчиња. Ова претставува прва донација од градот Визмар во градот Охрид од страна на оваа организација.
Целокупната опрема што е донирана е од болницата и училиштата во градот Визмар, кој што исто така е град под заштита на УНЕСКО.
Претставниците од Германија изразија уверување дека соработката ќе продолжи и во наредниот период се со цел реализација на повеќе донации за повеќе институции.
Донацијата ја прими директорката на јавната установа од Охрид Славица Малеска при тоа, заблагодарувајќи се за помошта.