Најдобар метод за детоксикација на телото е природниот, кој вклучува внесување на многу течности, во комбинација со овошје, зеленчук и секако, зачини.
Овој рецепт е моќна комбинација на вода и четири зачини, кои ќе ви помогнат да се ослободите од отровите насобрани во телото. Куркумата спречува воспаленија, ѓумбирот помага при варењето, циметот го контролира нивото на шеќер, а кардамомот ги одржува крвните садови здрави.
Во 500 мл зовриена вода додадете половина лажичка мелен ѓумбир, половина лажичка мелен цимет, 1/6 од лажичката куркума и еден прстофат кардамом. Измешајте и тргнете од рингла. Оставете да отстои 15 минути, па процедете го и додадете мед (може и без него ако не го сакате).
Испијте ја целата количина следното утро.