Сигурно веќе имате слушнато дека кивито е овошје кое е многу здраво. Содржи големо количество витамин Ц, а притоа ви помага да го подобрите имунитетот.
Со многу истражувања е докажано дека кивито одржи голем број состојки кои се корисни во медицината, меѓу кои и антиоксиданти и серотонин, кои помагаат за луѓето кои страдаат од несоница. Затоа, добра идеја е да јадете киви пред спиење и да си го олесните процесот на заспивање.
Покрај витамин Ц, за кивито е препознатливо и тоа што содржи голем број други витамини и минерали, како А, Б6, Б12, Е, калиум, калциум, железо и магнезиум. Тие заедно придонесуваат за правилното функционирање на телото, циркулацијата на крвта преку крвните садови, борбата против стрес, апсорпцијата на железо за здрави коски, добар вид…
Исто така, одлична вест за дамите е тоа што кивите помагаат за разуабвување на кожата. Всушност, сите витамини кои се содржани овде делуваат како антиоксидант и ја спречуваат деградацијата на кожата. Направете си маска за лице од киви и вашата кожа ќе ви биде благодарна!