Една чаша вино на ден и нема многу да ви наштети, но честото консумирање на алкохол во прекумерни количини има несакани последици.
Сакате да знаете колку точно време ќе ви треба за целосно да го исчистите организмот од алкохолот и кои се последиците од честото прекумерно консумирање?
Во продолжение можете да прочитате како вашето тело ќе реагира по еден час, по една недела и по еден месец откако ќе престанете да консумирате алкохол.
Исто така запознајте се и со општите последици на алкохолот и придобивките кога конечно ќе се решите да го отстраните од вашите секојдневни навики.
– 1 час од кога ќе престанете
Во овој период вашето тело започнува режим на целосен детокс за да го исфрли алкохолот од телото и да спречи појава на труење од него. Црниот дроб почнува да работи интензивно и панкреасот почнува да произведува дополнителен инсулин.
– 12-24 часа од кога ќе престанете
Шеќерот во крвта конечно се нормализира, но телото почнува да станува дехидрирано и има потреба од многу вода. Затоа кога се наоѓате во ваква ситуација, едно шише вода многу добро му доаѓа на вашиот организам.
– 72 часа од кога ќе престанете
Во овој период чувствувате интензивен глад и желба добро да се најадете. Ова е периодот кога конечно организмот почнува во целост да работи како и порано и вие исто така се враќате во нормална состојба, без мамурлак.
– 1 недела од кога ќе престанете
Почнувате да спиете подобро, кожата почнува да ви изгледа подобро, имате повеќе енергија и телото го враќа своето ниво на хидратација.
– 1 месец од кога ќе престанете
Маснотиите на црниот дроб се намалуваат за 15%, зголемувајќи ја неговата можност за филтрирање на токсините надвор од телото. Забележувате намалени маснотии околу вашиот стомак исто така и вашата кожа добива младешки сјај.
Општи придобивки од кога ќе престанете да консумирате алкохол:
– Вашето срце почнува да работи повторно нормално и крвниот притисок се враќа во нормала
Секојдневното прекумерно консумирање на алкохол го намалува крвниот притисок и нивото на триглицеридите во крвта и исто така го ослабува срцето, па кога ќе престанете да го консумирате, очекувано е состојбата на срцето да се стабилизира.
– Почнувате да гледате видливи резултати на вагата
Алкохолот содржи голем број на шеќери и засладувачи за кои не сме ни свесни дека ги консумираме кога пиеме алкохол.
Така наречените „празни“ калории кои ги внесуваме во нашиот организам со алкохолот, подоцна се одразуваат со чувство на глад и потреба на организмот да внесе многу повеќе јаглехидрати од потребно.
– Го подобрувате сонот
Дури и пиењето еднаш до двапати во неделата може да ја наруши хармонијата на вашиот сон. Иако алкохолот понекогаш знае да нè „успие“, тоа никогаш не треба да биде опција по која ќе посегнете доколку не можете да заспиете.
Исто така алкохолот го нарушува мирниот сон и многу често кога сте под негово дејство се будите почесто и подоцна чувствувате мамурлак во текот на целиот ден.