Сите знаеме дека тежината е важен фактор за плодноста, а одредени истражувања сугерираат дека редовното вежбање може да ја подобри репродуктивната функција и да ја зголеми плодноста. Во една студија било заклучено дека жените кои вежбале 30 минути или повеќе дневно, имале намален ризик од неплодност поради нарушувања во овулацијата.

Од друга страна, некои податоци го поврзуваат преинтензивното вежбање со намалена плодност, па така е многу тешко кои совети во врска со фитнесот треба да ги следат жените кои сакаат да забременат.

Моментално, повеќето гинеколози и специјалисти не даваат совети поврзани со фитнес, особено на жените со здрава тежина и нормална менструална историја. Штом жената неуспешно се обидува да забремени повеќе од една година, тогаш се разгледуваат вообичаените проблеми кои можат да бидат поврзани со староста, менструалниот циклус и овулаторниот статус, како и состојбата на матката и спермата на партнерот. Дури после сето тоа се разгледува дали изворот на проблемите се преголемата или премала физичка активност.

Тежината може да биде клучна за способноста за зачнување – се проценува дека тежината асоцирана со оптимална репродуктивна функција на жените е адекватна на BMI индекс (индекс на телесна маса) од 18.5 до 24.9, а истражувањата покажуваат дека 12% од неплодните случаи можеби резултираат од тежина под овие бројки, а 25% за тежина над нив.

Овие два екстреми влијаат на телото на начини кои ја пореметуваат продукцијата на хормони и овулацијата.

Меѓутоа, BMI вредноста не е секогаш најдобар начин да одреди како нечија тежина би влијаела на репродуктивната функција, бидејќи таа се базира на висината и тежината, но не го зема во предвид соодносот помеѓу масните ткива и мускулите. Овулацијата се влошува кога телото има под 12% телесни масти, или повеќе од 30-35%.

Интензивно вежбање повеќе од 1 час дневно може да доведе до намалување на продукцијата на хормоните кои ја стимулираат функцијата на јајниците, предизвикувајќи тие да ја намалат активноста и да престанат да продуцираат јајца и естроген, а овој ризик се зголемува доколку вежбањето е подолго и интензитетот повисок. Исто така, ваквите тренинзи може да предизвикаат разложување на протеини во мускулите, што создава амонијак, хемикалија која ја инхибира бременоста.

Крајниот заклучок е дека и двата екстреми поврзани со вежбањето (премногу или премалку) никогаш не влијаат добро на плодноста, туку потребно е да се пронајде баланс помеѓу двете, кога телото функционира најоптимално.

Вежбањето го подобрува метаболизмот и циркулацијата, што влијае на подобра продукција на јајце клетки. Редовната активност исто така го оптимизира репродуктивниот систем преку стимулирање на ендокрините жлезди, кои лачат хормони кои го помагаат растот на јајце клетките.

Еве што специјалистите препорачуваат во следниве ситуации:

1) Доколку имате нормална тежина

Вежбањето треба да трае помалку од еден час дневно, а доколку циклусот стане нерегуларен, вежбањето треба да се намали.

2) Доколку сте преслаби

Во овој случај потребно е да се внесуваат 2400 до 3500 калории дневно, за да тежината се зголеми до нормална BMI вредност, или процентот на маснотии во телото стане поголем од 12%.

3) Доколку имате преголема тежина

Потребно е намалување на внесот на калории и зголемување на интензитетот на вежбање додека телото не се доведе до здрава BMI вредност.