Безброј луѓе во светот патат од несоница и имаат проблем со спиењето. Поради брзото темпо на живот и лошата исхрана, за жал страда и квалитетот на сонот.

Пореметувањето на спиењето е многу тешко и разорувачко за организмот, бидејќи влијае врз природниот механизам за одмор и регенерација на клетките.

Тоа може да резултира со константен глад и желба за нездрава исхрана, што е поврзано со други психички и физички медицински состојби.

Ова се состојбите кои може да доведат до проблем со спиењето:

-болки во вратот и грбот

-анксиозност и депресија

-болест на штитната жлезда

-астма

-алергиски реакции

-проблем со желудникот и стомакот

-артритис

Пореметувањето на спиењето може да биде предизвикано и од некои активности пред одење в кревет, како што се консумација на алкохол, кофеин, никотин, калорична и топла храна.

Лошиот квалитет на спиење влијае врз начинот на живеење и може да го зголеми ризикот од анксиозност и хипертензија.

Ова се најтипичните симптоми за лошо спиење:

-стрес и анксиозност

-слаба меморија

-слаба концентрација

-зголемен умор во текот на денот

-иритација

-умор

МУСКАТНО ОРЕВЧЕ

Овој зачин најчесто се користи за детокс на организмот, бидејќи помага за полесна дигестија на храната, ја ублажува неугодноста, го подобрува имуниот систем, го подобрува квалитетот на кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Меѓутоа, покрај сите овие бенефити, мускатното оревче има дејство и на умерен седатив кој може ефикасно да се употреби кога станува збор за пореметување на спиењето.

РЕЦЕПТ

Измешајте половина лажичка мелено мускатно оревче во чаша топла вода. Консумирајте 4-5 часови пред спиење. По желба додадете лажичка мед.

НАПОМЕНАМукатното оревче како и некои други зачини, содржи myristicin, состојка која делува како опијат. Не треба да се консумира секој ден, ниту во поголеми количини бидејќи може да предизвика забрзано срцебиење, дезориентација, повраќање, потење, вртоглавици.

БЕЗБЕДНА ДОЗА: 1-2 мг на кг телесна тежина.