Фрапантни се бројките во Македонија за иселувањето на младите. Па така ако се навратиме само две години, односно во 2018 година, истражувањето кое го направи Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), покажува дека 77% од младите на возраст од 15 до 29 години, размислуваат да си заминат од Македонија.
Огромен процент, за кој власта досега не најде решение. Но мора да потсетиме и на предизборните ветувања на СДСМ во кои јасно и гласно говореа дека доколку дојдат на власт овој тренд ќе го сопрат и ќе започнат д ги враќаат истите.
Не само што не сопре иселувањето, истото забрзано расте во последните две години.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, минатата година излезе дека годишно Македонија ја напуштаат 25.000 луѓе, како и дека 8 од 10 млади луѓе планираат да ја напуштат државата.
Во едно интервју, со свој коментар излезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека еден од клучните проблеми со кој се соочува Македонија е иселувањето или тој тоа го нарече „Бел егзодус“.
-Можам да кажам дека како професор на факултет срцето ми се кине кога гледам премногу добри кадри кои си заминуваат од земјава, а во кои ние како професорска фела сме вложиле толку многу да ги остручиме и да ги извадиме на вистинскиот пат. Но од друга страна ниту јас ниту било кој друг немаме право да ги осудиме поради нивниот избор да си заминат до земјава, затоа што тие со своите потенијали се барани на странските пазари, и едноставно државата не прави доволно да ги задржи во своите родни огништа. Скоро и да нема семејство во земјава од кое нема по еден раселен низ Светот. Ќе ве потсетам дека токму оваа власт беше таа која велеше дека ќе го сопре иселувањето, и секако се сеќавате на она редење на чевли пред владата како синоним за раселените лица. Со други зборови за иселувањето СДСМ збореше до моментот додека се всели во владината зграда и веднаш потоа заборави на оваа појава. Дополнително иселувањето не само што запре туку и се зголеми, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека одредени податоци говорат дека за 3 години се иселени над 200 илјади граѓани, тоа се илјадници семејства кои затвориле домови и родни огништа тука низ Македонија.
-Дополнително да не говорам дека пак има и фрапантно лоши податоци за наталитетот во земјава, што посочува на тоа дека Македонија не само што ја губиме како држава, туку и се помалку не има како народ. Токму затоа на овие избори ќе излеземе со посебна стратегија која ќе опфати борба против иселувањето. Мора да си ги задржиме луѓето овде во своите родни огништа, но и воедно да создадеме услови тука сите оние кои се со планови да си заминат или повремено работат во странство, да се вратат и да почнат да градат иднина во Македонија. И тоа не опфаќа само сет мерки во економијата, туку и целосна обнова во образованието, здравството, екологијата, правниот систем, сигурноста која им е потребна на граѓаните. Мора да си ги вратиме нашите чеда во земјава и заедно да трасираме сигурен пат, нагласува Мицкоски.
Но околу иселувањето, вчера во вестите на ТВ Сител, амбасадорката на САД во Македонија, даде свој коментар околу иднината на младите и како власта се бори за да ги задржи.
Коментарт од нејзина страна беше дипломатски, остар, а сепак благ.
Имено таа кажа дека откога е дојдена во Македонија прошетала на многу места и се сретнала со многу луѓе, а најголем впечаток и оставиле младите бидејќи како што рече, имаат идеи и визија, но исто така дека се соочени со негативна енергија, корупција и непочитување од спротивната страна.
Кејт Мери Брнс, истакна дека младите мора да бидат вклучени во носењето на важните одлуки на државата, почесто да се слушаат нивните идеи и пораки, бидејќи само така ќе ги задржиме во Македонија и дека само така ќе им дадеме до знаење дека можат својата иднина да ја видат тука.