Од 1-ви до 7-ми февруари секоја година во светски рамки се одбележува светската седмица на пациентите. Џон О’Mајли е личноста заслужна за признавањето на пациентите и нивното здравје. Тој во 1995 година го свртува вниманието на значењето на пациентите во здравствениот систем. Неговиот мотив бил насочен кон тоа да пациентите се признаат како единствен и најзначен аспект на здравствениот систем.
Медицинскиот персонал е неверојатна група на луѓе кои им служат на пациентите со одлучност и фокусираност кон подобрување на нивната општа здравствена состојба. Тие се вредни за почит и напорите кои ги вложуваат се надчовечки, но за време на оваа седмица во месец Февруари, целото внимание е свртено кон оние на кои им служат, односно пациентите. Целта е медицинскиот персонал да им овозможи уште поголемо задоволство и нега, а воедно и да научи нови начини како да ја подобри здравствената услуга која ја нуди за пациентот да може да живее што поисполнет и поздрав живот.
Улогата на пациентите во здравствениот систем низ годините е доста променета. Постоеа периоди кога од пациентот се очекуваше да го слуша својот доктор без да поставува прашања и да му верува безрезервно. Но сега нештата се сменети и пациентите се охрабруваат да земат активно учество во процесот на нивното лекување и одлуките кои се носат за време на истиот.
Светската седмица на пациентите ја промовира идејата дека нивната активна вклученост во текот на здравствениот процес ќе доведе до поголемо задоволство и среќа кај самите пациенти како резултат на нивната одличната комуникација и соработка со докторот. Да не заборавиме дека здравствените работници се вистински професионалци кои се грижат за своите пациенти, па затоа секој пациент треба да се чувствува слободно и да зборува со својот доктор за сите свои грижи се со цел да добие подобра нега и третман.