Симптомите како малаксаност, несвестица, забрзана работа на срцето, инфекции, раздразливост, бледа кожа, ладни дланки и умор се знаци за анемија.
Недостатокот на железо е најчест дефицит во исхраната и се смета дека околу 20 отсто од жените патат од тоа.
Намирници богати со железо
Најдобро решение е секојдневното консумирање на намирници и напитоци богати со железо. Риба, месо, јајца, џигер, школки и морски плодови, спанќ, коприва, зелена салата, свекло и морков се намирниците кои се препорачуваат.
Напитоци кои во себе содржат железо
– Со оглед на тоа дека спанаќот е одличен извор на железо, направете си зелено смути. Овој напиток ќе ве наполни со неопходните минерали.
– Одлично решение е и напитокот од цвекло ке ќе го измешате со овошје.
Организмот многу добро го прима железото во комбинација со витамин Ц. Портокалите, јаболките, лимон и морков ќе ви ја обезбедат ударната доза на корисни материи.
– Сок од сливи исто така е одличен извор на железо, како и сокот од јагоди и лубеница.
– Исто така, сок од домати сок од морков или сок од целер ќе ви ја дадат неопходната доза на железо.
– Колку и да ви звучи чудно, сокот од зелена салата ќе ви ја обезбеди доволната количина на железо, а покрај тоа корисен е и за метаболизмот.