За лошото управување со медицинскиот отпад од компанијата Еко Клуб, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Од скопското Јавно обвинителство велат дека предметот им е приоритет за да ги обезбедат сите докази за можни злоупотреби. При последната инспекција на компанијата за управување со медицински отпад, која беше во декември, Инспекторатот за животна средина не пронајде неправилности во работата на Еко Клуб.
“Надлежното Јавно обвинителство денеска издаде наредба во СВР-Скопје- Единицата за економски и кибернетички криминал, од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје да се одземе видео-материјалот кој тој го снимил за да се обезбедат тие материјали. Ова е направено бидејќи инспекторот за време на пријавувањето на 13. 12. 2019 не покажа материјални докази, ниту службена забелешка или записник за неправилностите кои не биле пријавени од инспекторот“, посочуваат од Јавното обвинителство.
По вчерашното усвојување на законот за управување со отпад, зелената партија која иницираше забрана за увоз на отпад за согорување, препорачува властите да внимаваат тешката индустрија да не ја злоупотребува дозволата за увоз на суровини и со неа да увезува РДФ отпад.
Од Министерството за животна средина велат дека според Бразилската конвенција, нема да се забранува земјата да извезува опасен отпад. Според нив, отпадот кој се извезува за обработка на странските пазари нема да се забрани, затоа што за нив тоа е бизнис и се користи како суровина.