Настинката и грипот имаа слични симптоми. Но настинката поминува побргу и без последици, а кога станува збор за грипот, треба да бидете повнимателни.
Грипот го ослабнува организмот и го прави да биде подложен на бактерии, што на крајот предизвикува низа од компликации. Настинката и грипот се предизвикани од вируси, а нивното разликување претставува проблем бидејќи имаат некои заеднички симптоми.
1. Кога почнуваат првите симптоми?
Грипот настапува одеднаш, наутро сте совршено здрави, но по неколку часа може да чувствувате болки во целото тело и да не можете да станете од кревет.
2. Кои се сличните симптоми?
Болката во грло и течење на носот се првите знаци на настинка и грип. Но, кај настинката, проблемите со носот почнуваат кога ќе престане да ве боли грлото.
Постепено, секретот од носот станува пообилен, а носот постојано ви е затнат. Петтиот ден состојбата се подобрува.
Кај грипот, воспалението не созрева на таков начин. Секретот од носот не ја менува густината, грлото не престанува да ве боли, а кашлицата е сува и ви го надразнува грлото.
3. Како телесната температура ја открива настинката или грипот?
Затнатиот нос и чувството на малаксаност предизвикуваат главоболка и грозница. Кога станува збор за грип, ваквите симптоми се многу поинтензивни, не можете да станете од креветот и најчесто имате температура која се искачува до 40 степени.
4. Колку долго трае настинката, а колку грипот?
Настинката трае два до три дена откако ќе се појават симптомите, а ќе бидете сосема здрави по недела дена.
Грипот го исцрпува целото тело, па болката и уморот може да се задржат неколку недели, понекогаш и неколку месеци откако ќе се појават првите симптоми.
Во тој период, телесните активности се проследени со пот и малаксаност. Грипот го ослабнува организмот, па може да предизвика болки во пределот на стомакот и цревата, зглобовите, мускулите.
5. Кога треба да останете во кревет?
Луѓето со полесна настинка можат да функционираат нормално, за разлика од оние коишто имаат грип. Грипот се манифестира со црвенило и солзи, додека кожата е постојано влажна и имате висока телесна температуа.
Особено е важно да останете во кревет за да се одморите, да немате контакт со околината за да повторно го зајакнете имунитетот.