Парите, работата и семејните обврски се главна причина за стресните ситуации. Истражувањата покажаа дека стресот влијае на менталното и на физичкото здравје.
Група научници од Универзитетот Јејл го проучуваа односот помеѓу стресните ситуации и промени на тежината кај луѓе и открија дека стресот и анксиозноста предизвикуваат неконтролирано дебелеење.
Ова истражување откри дека епизодите на стрес предизвикуваат пораст на нивото на кортизол. Освен тоа, стресот предизвикува постојано чувство на глас кој доведува до прејадување.
Луѓето коишто се под стрес – освен што се анксиозни се склони и на дебелеење.
Имено, со стресот може да добиете и до триста калории, што е еднакво на голем хамбургер.
Според студијата која ја спроведоа научници од Државниот универзитет во Охајо, на жените коишто се под стрес и консумираат висококалорична храна ги складираат килограмите и маснотиите на стомакот и околу половината.
Стресот и калоричната храна го успоруваат метаболизмот и го складираат вишокот на масти во телото.
Имено, истражувањето покажа дека жените коишто се под стрес согориле 104 калории помалку од оние коишто не се под стрес.
Доколку постојано сте нервозни, може да добиете и до 11 килограми вишок.
Прескокнувањето на оброци нема да го намали внесувањето на калории. Интересно истражување на „Nutrition Research and Practice“, покажа дека луѓето кои редовно прескокнуваат оброци се подебели во однос на оние кои јадат три оброци на ден. Под стрес избираме помалку здрава храна. Оние кои ги прескокнуваат оброците, поретко се одлучуваат за овошје, зеленчук или други поздрави опции.
Со оглед на тоа дека не можете да побегнете од секојдневните обврски, ви препорачуваме да најдете момент да ги наполните батериите.
Обидете се да слушате музика која ќе ве опушти, пешачете, вежбајте и поминувајте време со пријателите.