За некои хороскопски знаци идеалната врска е исполнета со драматични ситуации и интриги бидејќи сметаат дека тоа покажува живост во врската. Сепак, себеси се сметаат за вечни романтичари и не гледаат ништо лошо во нивната љубов кон драматизирање на работите.

Еве за кои знаци станува збор:

Шкорпија

Шкорпиите се многу емотивни личности кои сакаат да направат сè за личноста во која се вљубени. Сепак, истовремено се многу љубоморни и се сомневаат во секој чекор на партнерот. Покрај тоа, многу лесно можат да се навредат па треба да бидете многу внимателни што зборувате со нив и на кој начин разговарате.

Рак

Личностите родени во знакот на Рак се најчувствителни од сите. Не треба многу за да ги расплачете, па очекувајте многу солзи ако сте во врска со Рак. Иако за себе велат дека не се навредуваат лесно, Раковите ставаат сè на срце па ќе минете многу време оправдувајќи се за сè, па и за работи за кои не сте виновни.