Депресијата се разликува од обичната тага, поради тоа што содржи кривица и самообвинување. Луѓето кои ја превземаат на себе вината за многу случувања , многу се посклони кон депресија, бидејќи мозокот поинаку им реагира.

Луѓето кои себеси се обвинуваат за животните  ситуации и проблеми, стануваат депресивни, утврди студија на Универзитетот во Манчестер. Научниците , со помош на снимки со магнетна резонанса на мозокот докажаа дека одредени делови на мозокот на луѓето кои се оболени од депресија реагира поинаку од оној на здравите луѓе.

Со тоа се потврдува тезата на психоаналитичарот Сигмунд Фројд, кој вели дека депресијата влече корени од самообвинувањето и вината.

Дури и откако ќе се повлечат симптомите на депресијата , крајната трага од неа има поинаков став за вината , објаснија научниците. Тие експериментално го испитуваа мозокот на луѓето кои никогаш не биле депресивни, како и на оние кои боледувале неколку години наназад и кои се сега во ремисија.

Интересен е фактот дека, мозокот на луѓето, склони кон депресија реагира поинаку само во ситуации во кои се обвинуваат себе си, а не доколку се лути некому. Тоа ја одразува нивната нерационалност во проценката на ситуацијата и многу по строги критериуми кон себе си , отколку спрема другите, поради што како последица чувствуваат грижа за работи и настани кои не ги сториле тие, изјави Д-р. Роланд Зах, раководителот на студијата.