Секоја година од 7-ми до 14-ти февруари, во светот се актуелизира зголемувањето на свесноста за конгениталните срцеви дефекти или вродени срцеви маани. Вродени срцеви маани се најчестите дефекти кои се случуваат при раѓање. Според светската здравствена организација, 40 000 бебиња во светот годишно се раѓаат со срцева маана. На глобално ниво, пак, околу 1.35 милиони бебиња се раѓаат секоја година со срцева маана.
Конгениталните срцеви дефекти преставуваат проблеми со срцевата структура кои се присустни уште од раѓање. Тие го менуваат нормалниот проток на крвта низ срцето. Ова настанува како последица на недоволно развиени делови на срцето пред раѓање.
Има многу типови на конгенитални срцеви дефекти, кои можат да бидат едноставни дефекти без симптоми до комплексни дефекти со тешки, живото загрозувачки симптоми. Постојат вродени и стекнати срцеви мани. Вродените срцеви мани настануваат во текот на ембрионалниот развој на срцето ( во првите три месеци одбременоста ) заради дејство на различни етиолошки фактори: наследни фактории фактори на средината т. е. тератогени агенси кои делуваат во текот на интраутериниотживот на плодот. Стекнатите срцеви мани настануваат ако штетните фактори ( инфекции,труења и сл.) делуваат по раѓањето, најчесто (80%) од случаевите се последица на ревматска треска т.е. ревматски ендокардит.
Некои од дефектите на срцето се поблаги од другите, за некои нема потреба од никаков третман, а кај некои е неопходна операција на срце. Бебињата кои се рагааѓт со вродена срцева маана вообичаено имаат некои одредени симптоми. Тие вклучуваат тешко дишење, не качуваат тежина, слаба циркулација и лесно се изморуваат. Бебињата со намалени нивоа на кислород имаат сини усни и нокти, состојба која се нарекува цијаноза.
Како и да е, не постои лек за вродените срцеви маани. Третманот на истите може значајно да го зголеми квалитетот на животот и да додаде години во детскиот живот. Благодарение на истражувањата и напредоците во педијатриската кардиологија, голем број на бебиња доживуваат да станат возрасни.