Од извори блиски до редакцијата пристигна информација за немил настан и случка во кој власта и нејзините пулени истурени и вработени по државните институции како и по разно разни комисии демонстрираат сила, агресија и вршат терор врз невини пациенти, болни лица кои бараат помош и грижа, поточно врз обичниот македонски пациент.
Денес пред неполн час во комисијата за продолжување на боледувања, вработен во комисијата, администратор, албанец, чувствувајќи се храбар, силен и голем, посегнал по обичниот македонски пациент кој барал помош и продолжување на боледувањето. Од непознати причини за сега адмнистративецот го удрил пациентот кој бил присутен таму, пред неговите колеги од комисијата, пред пациентите кои чекале во чекалната, пред поголема група на луѓе кои биле директни сведоци на овој немил настан.
До кога власта на ваков начин и секојпат пред избори ќе прави нереди, ќе врши терор и ќе го заплашува македонското население, се со цел да може полесно и на поедноставен начин да ги манипулира, изигра и наполни кутиите на избирачките места за да може оваа ненародна и нечовечка власт да продолжи да владее на нелегален начин со државата? – прашуваат пациентите
Ова се само инциденти ситуации во кои и за кои дознаваме, што правиме со ситуациите и немилите настани за кои никој не збори, кои се прикриени, а ние како пациенти на ваков или онаков начин го трпиме на своја кожа хаосот во државата кој го создава власта преку најразлични методи, не бирајќи средства и место само и само за вршење притисок и задржување на власта. До кога ќе се чека реакција за ваквите инциденти и кога власта ќе ги санкционира овие лица, кои си земаат за право да удрат по чесниот и поштен македонски народ, без разлика од која националност, етникум или верска заедница доаѓа?
Инцидентот е пријавен во полиција и викната е полициска патрола на увид. Но, дали е тоа доволно за да престанат ваквите сценарија, потребна е промена, потребна е оставка на оваа власт и на сите нејзини вакви структури.
Внимавајте за кого ќе го дадете вашиот глас на изборите што престојат, дали ваквите личности го заслужуваат гласот на вас и вашите најблиски? – апелираат по социјалните мрежи очевидци на вакви и слични настани, апелираат граѓаните
Каде е министерот за здравство Венко Филипче, да го осуди настанот и да го санционира „тепачот“?