До 250 нови пациенти во текот на годината се подложени на дијализа.

Од здружението за нефрологија, дијализа и трансплантација велат дека овој број во последните 15 години е константен, додавајќи дека 10 до 11% од случаите сочинуваат статистика на смртност.

Процесот на трансплантација продолжува непречено, но во споредба со развиените земји, Македонија изведува мал број трансплантации.

Лошата инфраструктура на соодветните клиники каде се извршува трансплантацијата го комплицира овој процес. Лекарите бараат подобри услови.

Здруженијата што се занимаваат со оваа проблематика, како и лекарите ја потенцираа потребата од подигање на свеста кај граѓаните за донирање органи кои би можеле да спасат животи.