Дали фирмата „ПРОМЕДИКА ДООЕЛ“ чиј сопственик и управител е Ристо Лузевски – Ицко, повеќе од една деценија го манипулира системот учествувајќи на тендери во секторот здравство, заедно со својата ќерка фирма „НЕОКОР МЕДИКА“ која е ребрендирана, претходното нејзино име е „ПРОДЕНТАЛ“, со која глумеле дека се „конкуренција“ за да се добијат тендерските постапки, како и истите да ги има што повеќе? Ова го говорат неофицијални информации кои стигнаа до нашата редакција.

Неколку компании со кои овие две фирми учествувале на тендерите реагираат и посочуваат дека начинот на кој што работи „ПРОМЕДИКА ДООЕЛ“ заедно со нејзината ќерка фирма „НЕОКОР МЕДИКА“ е крајно штетен како за здравствениот систем во Македонија, така и за граѓаните на Македонија бидејќи се манипулира со системот и се земаат и трошат парите на народот.

Со ваквото дејствување, нашиот извор тврди дека „ПРОМЕДИКА ДООЕЛ“ не само што го прекршува законот за заштита на конкуренцијата, туку воедно се отвора основ на сомнеж и дека има нанесено огромна милионска штета на фондот за здравство и државата?

По поднесувањето на две кривични пријави до ОЈО од страна на конкурентски фирми со доказите кои ги поседувале за манипулација на системот во текот на 2018-тата година, комисијата за заштита на конкуренцијата во месец Февруари упаднала во просториите на „ПРОМЕДИКА ДООЕЛ“ и „НЕОКОР МЕДИКА“ со цел да направи увид во работењето на овие две фирми, како и увид на документацијата со која би се докажало дека овие две фирми се поврзани.

Со иста цел во текот на првата недела од Март, комисијата за заштита на конкуренцијата побарала од одредени Јавни здравствени установи да достават документација од тендерите на кои учествувале овие две фирми. Назад ги добиле следниве податоци:

Јавни здравствени установи каде за еден ист отворен повик се доставувани понуди и од „ПРОМЕДИКА ДООЕЛ“ и од „НЕОКОР МЕДИКА“ се:

1. Министерство за здравство – централен тендер (двегодишен) за набавка на леќи и потрошен матријал 2015-та година.

2. ЈЗУ Клиника за Кардиологија

3. ЈЗУ Клиника за Очни болести

4. ЈЗУ УКлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и ин. лекувањеи ургентен центар

5. ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан – Охрид

6. ЈЗУ Клиничка болница Штип

7. ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември

8. ЈЗУ Општа болница Прилеп

9. ЈЗУ Клиничка болница Тетово

10. ЈЗУ Општа Болница Струмица како и многу други

Со цел да се потврди или негира поврзаноста на овие две фирми и нивното заедничко работење, редакцијата на здравство.мк испрати мејл до двете фирми „ПРОМЕДИКА“ и „НЕОКОР МЕДИКА“ за да им даде можност инволвираните страни да се изјаснат. Од двете фирми не добивме никаков мејл како одговор.