Во денешно време производи за разубавување и нега на лице ни се нудат во најразлични пакувања, од најразлични производители и направени од различни модерни комбинации на билки и нови формули. Некои од овие производи делуваат, некои помалку, некои пак, се популарни само благодарение на маркетиншките трикчиња, во секој случај сите нè „удираат“ по паричникот.
Тогаш зошто не би ги пробале овие три ефикасни методи за совршена кожа преземени од старите времиња.
Маска за лице од шафран
Некои податоци кои зборуваат за начинот на нега кој го практикувала Клеопатра тврдат дека таа за совршена кожа и младешки изглед на лицето употребувала млеко во комбинација со шафран. Дури и кога се капела во млеко, во него додавала шафран. Денес пак, добар дел од Индијките го користат ваквиот третман за нега на лице. Природната маска за лице се прави лесно – ставете малку шафран во малку кокосова масло (или во млеко), во сразмерна количина, и помешајте. Смесата нанесете ја на лице и оставете ја да делува преку целата ноќ. Наутро отстранете ја со млака вода. Резултатите се неверојатни.
Маска за лице од шлаг
Се прашувате како гејшите успевале да добијат толку убав, бел и светол тен. Уште од најстарите времиња рецептот за таков тен се пренесувал како голема тајна за убавината.
Станува збор за маска за лице која се подготвува од 2 лажици морска сол помешана со 2 лажици шлаг (вистински шлаг, домашно подготвен, а не конзерва полна со долга листа на состојки). Маската се нанесува на лице со нежна масажа и се остава да делува час до два. Потоа се исплакнува со студена вода.
Маска за лице од зелен чај
Уште еден трик за младешки изглед доаѓа повторно од гејшите. За нивната кожа да изгледа светла и свежа употребувале зелен чај.
За да го направите тоа што го прават гејшите, помешајте 1 филџан топол зелен чај со половина филџан мелен овес и додадете едно згмечено авокадо и цеден сок од половина лимон. Откако сè добро ќе измешате и ќе добиете паста, нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува 20 минути. Отстранете ја со млака вода.