Високиот крвен притисок претставува директен ризик за инфаркт и шлог, но научниците откриваат дека само една чаша од оваа напивка дневно може да го снижи високиот притисок.
Многумина сакаат да уживаат во специфичниот вкус на кефирот, но малкумина знаат колку оваа напивка е здрава за целиот организам. Кефирот има позитивно дејство на здравјето на цревата и го поттикнува варењето, но новите истражувања откриваат дека е одличен и за превенција на кардиоваскуларните заболувања. Докажано е дека луѓето со макробиотичка неурамнотеженост во цревата се изложени на поголем ризик од хипертензија и срцеви заболувања.
Научниците спровеле истражување на стаорци со висок притисок и им давале кефир околу 9 недели. Докажано е дека кефирот успеал да им го намали притисокот и нивото на ендотоксини, бактерии кои предизвикуваат инфекции во телото.
Исто така, кефирот, благодарение на добрите бактерии што ги содржи, ги намалува воспаленијата на нервниот систем, а некои научници тврдат и дека неговото консумирање ги ублажува лошите ефекти што ги има солената храна кај пациентите кои боледуваат од висок притисок.
Секој може да си дозволи чаша кефир дневно, па затоа вметнете оваа здрава напивка во вашата секојдневна рутина.