Современиот начин на живот и лесниот пристап до технологија и техника доведува до загрижувачки последици на видот кај децата. Скоро и да не постои семејство кое нема пристап до интернет, компјутер, мобилен телефон, лаптоп или таблет.

Ваквото постојано користење на компјутерски технологии кај децата предизвикува појава позната како „компјутерски вид“ која се поврзува со долготрајното седење пред компјутер или мобилен телефон. Оваа појава е позастапена кај децата отколку кај возрасните бидејќи возрасните знаат кога да направат пауза, а децата не секогаш чувствуваат потреба или замор за да го сторат истото.

Фокусирањето на очите, односно напрегањето на кое децата несвесно се изложуваат кога гледаат во монитор е толку големо како кај ниту една друга активност. Токму затоа треба да се практикуваат неколку совети со кои би се зачувал видот на децата и би се зголемила возрасната граница кога станува збор за оштетен вид и задолжително носење на очила. Еве неколку:

– Воведете паузи: На секои 20 минути гледање во монитор воведете пауза од 20 секунди.

– Ограничете го времето пред монитор: секогаш кога ќе бидете во можност посочете им на децата да се занимаваат со некаква физичка активност, па така времето пред телевизор или компјутер сведете го на максимум 2 часа дневно.

– Внимавајте на растојанието: Мониторот секогаш треба да биде оддалечен повеќе од 70 сантиметри од висината на очите на детето.

– Научете го детето: Објаснете му на вашето дете како да ја користи тастатурата и научете го на кратенките кои ќе можат да ја заменат работата со глувчето, бидејќи на тој начин, детето ќе го мора да го сврти погледот од мониторот и несвесно ќе прави краткотрајни паузи кои се подобри од упорното гледање и непотребното долготрајно фокусирање на очите.