Метеоролозите за денеска најавуваат сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2 степени, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 14 степени.

Претежно сончево и релативно топло време со слаб до умерен северен ветер ќе имаме утре. Утринските и дневни температури ќе се движат во денешната рамка од -4 до максимални 19 степени во текот на денот.

Слично време се најавува и за среда, а од четврток метеоролозите најавуваат дожд и снег. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен северен ветер.