Брусница е се повеќе популарна како лек, благодарение на незините извонредно лековито својство.

Плодот брусница е тврда, црвена бобинка со ниско калорична вредност, богата со витамини, посебно со витамин Ц, минерали, полифеноли, органски киселини, шеќери. Брусница освен тоа обилува со хипурични киселини, природни антибиотик кој има изразено дејство на габите. Брусницата намалува нивото на шеќерот во крвта и доведува до зголемување на содржината на добар холестерол. Она по што брусницата се најмногу цени е незиното благотворно делување на различни воспаленија и инфекции на уринарниот тракт. Брусница делува и на најчестата и најнезгодната бактерија во уринарниот систем, ешерихија коли, а најновите истражувања покажуваат да ова овошје делува и на уште една опасна бактерија – хелиобактер пилори, кој е најчест предизвикувач на чир во желудникот.

Уринарни инфекции
Научните истражувања открија дека кондензирани танини во брусницата го спречуваат влегувањето на бактеријата во уринарниот тракт, бешика и бубрезите, а сокот од брусница го спречува развојот на штетните микроорганизми. Се јавува кај мажите и кај жените, но жените десет пати почесто заболуваат од мажите: 60 проценти од жените заболат барем еднаш во животот, а кај 30 проценти од пациентките инфекцијата повторно се јавува во текот на наредните 12 месеци.. Уринарните инфекции најчесто е предизвикана од бактериите кои се нормално присутни во дебелото црево кои, доколку ќе се најдат во мочниот систем можат да се задржат на ѕидовите на уринарниот тракт, брзо и лесно се размножуваат и предизвикуваат инфекција.

Против карцином
Бидејќи брусницата содржи голем број на биофлавоноиди кои имаат антиоксидативно дејство, тие го намалуваат ризикот за заболување од некои облици на карцином, ракот на дојката и на дебелото црево. Во лабораториските експерименти на животните, брусницата не само што го стопираа растот на клетките на ракот туку и неговото метастазирање.

Одбрана од слободните радикали
Брусницата одлично ги брани и заштитува клетките од слободните радикали бидејќи содржи антиоксиданси.

Примена
Брусница се користи како додаток во исхраната, во превенцијата од уринарните инфекции, посебно од оние кои упорно се повторуваат. Се препорачува на луѓето кај кои постои склоност кон уринарните инфекции, со цел да се зајакни отпорност и да се зачува здравјето на уринарниот тракт. Посебно се препорачува на постар лица, како и ла луѓе со ослабен имунитет.