Пиењето на лимон и вода се смета за спој на две важни состојки кои помагаат за варење на храната и за здравата кожа.
„Ако погледнете во која било диета ќе забележите дека пиењето вода се наоѓа најгоре на листата“- вели Мишел Промаулаико, главен и одговорен уредник на „Yahoo Health“.
Најчесто консумирањето на овој напиток се препорачува во раните утрински часови. Топла вода и цеден лимон веднаш штом ќе се расоните.
„ Овој состав има свои бенефиции корисни за здравјето, а една од нив е и варењето на храната“- вели Промаулаико.„Ја намалува апсорпцијата на храна односно му остава време на телото да ја прими храната и да ја распредели според потребите“- додава таа.
Покрај тоа, овој напиток е едноставен и секој може да го подготвува дома.
„Без разлика дали консумирате производи со или без глутен, лимон и вода може да пие секој. Со сите овие бенефиции таа овој напиток го нарекува тренд на здравјето.
Покрај сите бенефиции кои се добиваат од пиењето вода и лимон, овој напиток го зголемува нивото на витамин Ц во организмот.
„Витаминот Ц е одличен за нега на кожата. Ја прави посјајна и ја одржува еластичноста подолго време“- додаде таа.
Затоа секое утро почестете го организмот со здрава утринска рутина- лимон и топла вода.
Извор: https://hybrid.mk/